Турското обвинителство тврди дека Кашоги бил задавен, па распарчен

Саудискиот дисиденски новинар Џамал Кашоги е задавен веднаш штом влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2-ри октомври, а неговото тело потоа е распарчено и отстрането, соопшти во средата канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Станува збор за убиство со предумисла, се додава во соопштението коешто го пренесуваат турските медиуми. Во соопштението, исто така, се наведуваат дека никакви конкретни резултати не се остварени во разговроите на главниот обвинител Ирфан Фидан оваа седмица со саудскиот јавен обвинител, Сауди ал-Муаџиб.

„Саудиската страна не одговори на прашањата што ги поставивме: за постоење план за убиство, името на локалниот соучесник на злосторниците, каде се наоѓа телото“, се истакнува во соопштението.

Ал-Муаџиб, кој пристигна во Турција во рамките на заедничката истрага за убиството на Џамал Кашоги, двапати разговараше со истанбулскиот обвинител Фидан, а потоа изврши прегледување и на генералниот конзулат во Истанбул.

Претходно во средата турскиот независен дневен весник Hurriyet, цитирајќи владини извори, објави напис во кој ја наведува причината поради којашто саудискиот главен државен обвинител пристигнач во Истанбул.

„Зошто саудискиот обвинител ги круел инфромациите за тоа каде се наоѓа телото од турските колеги? Затоа што најверојатно допатува во Турција не за да го реши случајот со убиството, туку за да го спаси престолоналсеникот“ на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман ал-Сауд“, се истакнува во написот.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој од 2017 година живееше во егзил во САД и работеше како колумнист за весникот The Washington Post, исчезна откако на 2-ри октомври влегол во саудискиот конзулат во Истанбул. По повеќе од две седмици негирање и тврдење дека Кашоги си заминал, официјален Ријад на 20=ти октомври потврди дека новинарот е убиен. Поради тоа уапсени се 18 лица а откази добија двајца високи функционери на разузнавањето, но Саудиска Арабија и покрај настојувањата на Турција соопшти дека на осомничените ќе им се суди во Ријад.