По 7 години власт на СДС , нема ниту еден реализиран проект за Валандово, изјави денеска Јулија Тушевска, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Валандово.
Нема економски бум со 500 вработувања за валандовчани.
Затоа пак фамозниот проект 5/ 50/ 500 се претвори во партизација на општинската администрација.
Во Валандово водено од потпретседателот на СДС како градоначалник на општината Валандово Перо Костадинов, во изминатите години Буџетот на граѓаните го троши за неговите партиските другари да земаат плата. Во последните две години од буџетот на општина Валандово се потрошени 14.689.468 денари за партиски вработувања
А што е резултатот на тоа?
ЈП ,,Комунален Сервис“ од Валандово кое беше пример за добро и домаќинско работење, заради градоначалникот и партиските другари сега е во минус и милионски долгови.
Каква е сликата во Македонија, во Валандово е уште понегативно изразена.
Европската комисија укажа на корупција, партизација, Валандово со Перо Костадинов е вистински доказ за тоа.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, истакна Тушевска.