Тушнико, дел од подземјето на Заеви со „лиценца“ за палење коли?!

Едно од лицата коешто според авторот на аудиоснимката која вчера беше поставена видео платформата YouTube учествува во снимениот разговор во кој се наведуваат низа нелегални активности, е препознаено како извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот, кој според сознанијата до кои дојде НетПресс повеќепати минува низ евиденцијата на Министерството за внатрешни работи.

Имено, против Горан Димовски Тушникот кој на социјалните мрежи се прикажува како приврзаник на СДСМ, и според таму наведените тврдење е дел од „екипа за брза интервенција“, како што дознаваме, се водат кривични постапки за седум дела, како лихварство, измама и тешки кражби.

Во споменатата „аудио-бомба“  на јутјуб каналот „Вице Мафијашот“ се појави нова аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли“, во која се слуша разговор меѓу две машки лица за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од најчестите добитници на тендерите во РЕК Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски, вториот се фали дека добил „зелено светло“ од Рашо, кој веројатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, веројатно Вице Заев, за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука јасно се поставува прашањето, дали Тушникот е дел од поголема група од подземјето која со аминување од семејството Заеви ги палеше автомобилите во изминатите две и пол години ширум државата.

„Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев во Струмица. И само му кажав, со Вицето ќе се видам вторник или среда. Има тука многу пет или шест души кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се закануват. Јас си направив моја екипа, затоа не сакам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене да нѐ спојат неќам. Сфаќаш?…  Сега јас тие морам да ги средам, сфаќаш. На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу ја претера, многу…. Чаки едно дете го викаме тука, од ВМРО е тој така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво… И не само тој, има јас ќе ги средам сите… Значи зелено светло ми е дадено. Рашо го знаеш ти, така?“, вели во разговорот соговорникот за кој авторот на снимката тврди дека е Тушникот.

Потоа од снимката се дознава дека ова лице преку струмичката мрежа заработел 30 илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор за што добил златен часовник како награда, но и дека планира да земе автомобил без документи, но и дека извесен Трајче е тој кој дава дозвола кој да работи а кој не во Струмица и во Македонија.

Во разговорот има и дел кој се однесува на екипирање и на активности веројатно во предизборен период, но не е јасно за кои избори станува збор.

„Неќам на Вице да му барам, ќе речи ‘а бе те те пуштив кај Стојче, заврши’. Знаеш, ќе ми е незгодно. Што ќе рече, овој бара. А друго е кога ќе дојдат изборите нека тепаат, е тогаш друго ќе бараме. Така не?… Сега што е до мене, јас ќе се покажам, ќе му средам сите работи тука од мене, со цело срце ќе влезам … Е натаму ќе видиме сега, како ќе се покажат. Така не?… Тоа е тоа … за тоа сакав со тебе да се видам. Едноставно сакам и една кола без документи да земам, да нема ни документи, лево-десно кога ќе одам … Имам мое другарче што е ѕвер за тие работи … Ќе ги средиме сите овие. Оти многу брат, знаеш што се случува сега … Страшна работа, невидена … Готово, готово, сега уште повеќе ќе фаќат, другар. Ќе ги смирам јас, ќе ги потисниме, ќе ги средиме сите Стојче …“, вели соговорникот за кој се тврди дека е Тушникот.

Инфомациит за спрегата на СДСМ под водство на Заев со криминалното милје има подолга предисторија, и таа датира речиси од самото негово доаѓање на премиерската должност.

Уште кон крајот на 2017 година повеќе кафанџии и сопственици на угостителски објекти се жалеа дека полицијата дополнета со тогаш новоформираната агенција за обезбедување „Омерта“ која важи за блиска до братот на тогашниот премиер Зоран Заев, Вице Заев, влегувале во угостителски објекти, целосно политички субјективно, заплашувајќи ги персоналот и газдите на угостителските објекти. Сопствениците на угостителските објекти тогаше велеа дека такво шерифско однесување досега не е видено, па се сомневаа дека станува збор за „чистење на теренот“ за партиската агенција за обезбедување „Омерта“.

За зачестените случаи пишуваше и Сашо Орданоски во 2017 година кога ваквите криминални активности ги поврза со агенција за обезбедување „од еден град во јужна Македонија“.

„Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги“, пишуваше Орданоски.

За опожарените возила во јавноста имаше и анонимно сведоштво на припадник на сега расформиранта полициска единица „Алфа“.

„Како припадник на единицата Алфи изминативе неколку месеци низ градот сме сведоци како Вице Заев го презема скопското подземје и го става во својата бизнис мрежа. Имено во Скопје во изминатите месец дена се случија неколку случаи на рекетарство на видни локали и бизнисмени. Се рекетира сѐ живо и диво, а секој оној којшто ќе одбие да плати рекет се соочува со палење на автомобилот.

Ова е модус операнди на криминалната банда под директна контрола на Вице Заев, која што после палењето на автомобилите на сопствениците им упатува порака дека треба да бидат среќни што поминале само со материјалната штета.

„Мафијата за Вршење на Рекет“ (МВР) почнува на оштетените да им нуди услугите на агенција за обезбедување ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, и доколку нејзините услуги бидат одбиени тогаш настанува пеколот за сопственикиот на кафулето, фирмата или објектот. Оваа агенција засега воопшто не фигурира во регистерот на лиценцирани агенции за обезбедување во Македонија, иако се рекламра на интернет страната како самостојно правно лице кое дава услуги, туку се води како подружница на Агенцијата за обезбедување Гепард Секјурити од Струмица која во минатото беше санкционирана за затајување на данок преку прикажување на лажни сметководствени податоци“, сведочеше поранешен полициски службеник.

Следната 2018 година, беше објавена информацијата дека припадници на Шестата управа во МВР, кое во тој период го раководеше сегашниот технички премиер Оливер Спасовски, од самиот врв на СДСМ, и дел од обезбедувањето на тогашниот премиер Зоран Заев основале агенција за обезбедување, a како еден од основачите е и струмичанец осудуван за дузина кривични дела. Според Централниот регистар, агенцијата „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава, а како основачи се јавуваат Александар Трајков, познат во јавноста како телохранителот на Заев кој го придружуваше и пред да стане премиер, потоа Николчо Колев и Стево Трајков, и двајцата исто така обезбедување на претседателот на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.