Договорот со Велика Британија за останување во ЕУ не е загарантиран изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск повикувајќи ги европските лидери на единство.
– Ова е најдобар момент за компромис, истакна Туск.
Дека Германија има национален интерес Велика Британија да остане дел од Унијата изјави и германската канцеларка Ангела Меркел пред извесно време. Според неа Британија била клучен сојузник на Германија во многу прашања, како и дека ќе направи се што е можно за да го гарантира останувањето на оваа земја како „активен член“ на ЕУ.
Меркел додаде дека многу барања на британскиот премиер Дејвид Камерон за реформите на ЕУ се „оправдани и разумни“.