Денеска е потврдена големата вест дека Македонија следната година ќе добие датум за преговори, лидерите рекоа дека земјава го заслужува тоа бидејќи успеала од заробен режим преку реформи и со пријателска волја да оди напред“, рече премиерот Зоран Заев во четввртокот на заедничката прес- конференција со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел.
„Нашата земја го заслкужи тоа. Лидерите на ЕУ рекоа да, земјата го заслужува тоа. ЕУ прифати дека Македонија од заробена држава за само една година направи пресврт. За само една година Република Македонија е земја позитивни промени, на инклузивност, политички дијалог, за политичка волја за решавање на проблемите со соседите“, рече на пресконференцијата премиерот Заев.
Додаде дека процесот на пристапување не завршува со отворање на поглавјата, туку допрва почнува.
„Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите занадворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади да ја потврдат одлуката“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.
„Според досегашните искуства преговорите траат седум или повеќе години. Со оглед на тоа во 2025 година би ги завршиле преговорите за членство, како што предвидува стратегијата. Пред нас има конкретна цел, останува да си ја завршиме нашата задача и гордо да влеземе низ портите на ЕУ. Нема назад, верувам оваа е шанса и за Брисел. ЕУ не треба да пропушти можност цврсто да вгради уште една алка во синџирот на вредности“, додаде Туск.
Рече дека напредокот немало да биде успешен без силниот ангажман на македонската Влада, посочувајќи го постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија и Договорот со Грција за решавање на спорот со името, кои претставуваат пример за другите во регионот како да се решаваат проблемите.