Туск предупредува на опасност од непријателско мешање во изборите за ЕП

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предупреди во вторникот на наводна опасност од странско мешање во изборите за Европскиот парламент (ЕП) во мај, повикувајќи се на брз почетокот на ткн „Европска ренесанса“, предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Постојат надворешни противевропски сили коишто посакуваат, отворено или тајно, да влијаат врз одлуките на Европејците. Тоа повторни би можело да биде случај за изборите во Европскиот парламент во мај… Да не им се дозволи на политичките партии кои ги основале надворешни сили неприајтелски расположени кон Европа да одлучуваат за клучните проиритети на ЕУ и водството на европските институции“, рече Доналд Труск на прес-конференција неодредено наведувајќи го како пример резултатот од британскиот референдум за напуштањето на ЕУ во 2016 година.

Туск, исто така, рече дека целосно го поддржува начинот на рамислување за Европската унија кој ги изнесе францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на европските избори. Макрон ја брани ткн „нова Европа“ во колумна објавена во дневни весници во сите 28 членки на ЕУ во коај ја изнесе идејата за „европска ренесенса“.

Колумната се јавува во време на зајакнатите тензии на Западот кој го тресат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп „Америка на првото место“, излегувањето на Велика Британија од ЕУ, подемот на крајната десница, евроскептичните, антиестаблишмент и противимигрантските политички групации во западна Европа. Другите закани се детектирани во Русија и Кина.

Целта на предлозите изнесен во текстот во британски The Guardian и германски Die Welt, меѓу другите, е „заштита на одбрана на европските граѓани, со нови поттик за Унијата во смисла на конкурентноста“.

„Европските избори за неколку седмици ќе ја одредат иднината на нашиот континент. Европа од Втората светска војна никогаш не била попотребна, ниту некогаш била позагрозена отколку денес. Национализмот не нуди ништо. Тоа е проект кој одбива“, истакнува Макрон.

Мекрон прелага и основање Европска агенција за заштита на демократијата, чиишто стручњаци би спречувале манипулации и финансирање на европски партии од странство. Предлага, исто така, и оживување на Шенгенскиот простор, основање заедничка гранична полиција и Европско биро за азил.

Во настојувањето да ги увери гласачите во ЕУ да не гласаат за десните суверенистички партии, францускиот претседател ги повикува европските дражви и институции до крајот на годината да дојдат на „Конференција за Европа“. Нејзината цел би била реформи на ЕУ без забранети теми, вклучително и обновување на постојните договори. „Во таква Европа луѓето вистински би ја земале судбината во свои раце, во таква Еропа и Британија би го нашла своето место“, пишува Макрон.