Актуелниот претседател на Европскиот совет и поранешен полски премиер, Доналд Туск, предупреди дека во средата бил подвргнат на политичко испитување пред судот во Варшава, каде беше сослушуван осум часа како сведок во истрагата за двајца поранешни началници на военото контраразузнавање.
„Целата таа афера има политички карактер“, изјавил Доналд Туск по излегувањето од судот. Тој беше испитуван без присуство на јавнoста.
Поранешниот полски премиер одбил пред новинарите да ги открие поединостите од својата изјава пред судот, меѓутоа истакнал дека во прв ред се појавил од почит кон полската држава.
Туск беше повикан да сведочи во истрагата против двајца поранешни началници на полската воена контраразузнавачка служба (SKW), кои се осомничени за соработка со странски разузнавачки служби беза неопходното одобрување од премеирот, на којашто должност во тоа време беше Туск.
Во изјавата за новинарите, актуелниот претседател на Европскиот совет, исто така, рекол дека го информирал државниот обвинител дека според европскиот закон има целосен имунитет и предупредил дека ќе го употреби доколку смета дека истрагата е насочена за да биде спречен или за да му се забрани вршење на неговите должности.
„Се надевам дека до тоа нема да дојде, но доколку се случи, нема да се двоумам да го искористам имунитетот“, истакна Туск,
Туск е противник на претседателот на владејачката полска конзервативна партија Право и справедливост (PiS), Јарослав Качински, а веќе беше повикан да сведочи во врска со истиот скандал кон средината на март, но тогаш не можеше да допатува во Варшава поради обврските во Европскиот парламент.