Туск: Сведоци сме на првите часови од граѓанската војна во Украина

Полскиот премиер Доналд Туск во парламентот предупредил дека можеби се гледаат првите часа од граѓанската војна во Украина и дека Полска нема да остане рамнодушна.

„Ситуацијата во Украина е без преседан. Од друга страна, таа влада која има демократска мандат, но го губи преку своите постапки“, рекол полскиот премиер за најновите настани во Украина.

Туск предупреди дека ниту опозицијата не е единствена и ја обвини Русија да врши притисок врз Украина без преседан.

„Имаме работа со притисок од други држави без преседан. Станува збор за Русија. Врши притисок врз Киев, врз украинската влада дали ќе биде европска или евроазиска“, рекол Туск.