Туск задоволен што никој не бил против изборот за клучните функции во ЕУ

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изрази во вторникот вечерта задоволсто од постигнатиот договор за пакетот со новите имиња за водечките функции во петте главни институции на Европската унија, како и фактот дека на третиот ден од самитот во Брисел никој од челниците на земјите членки не бил против.

„Го договоривме целиот пакет пред првата седница на Европскиот парламент. Пред пет години ни беа потребни три месеца за одлуката, а и некои челници беа против. Оваа година тоа траеше три дена и никој не е против“, рече челникот на Европскиот совет на заминување, Доналд Туск, на прес-конференцијата по завршувањето на самитот кој беше посветен на распределбата на водечките функции во ЕУ.

Сите челници на земјите членки на ЕУ гласале за предложениот пакет, освен Германија, која била воздржана, бидејќи за тоа ѝ бил неопходен договор во владејачката коалиција којашто ја сочинива демохрстијанска унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјалната унија (CSU), и партијата од левиот центар Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Но Туск додаде пред новинарите дека германската канцеларка Ангела Меркел „лично го поддржа целиот пакет“.

Челниците на ЕУ не успеаја да се договорат за кандидатот кој бил на чело на Европската комисија по целоноќните маратонски преговори во неделата кои беа продолжени во понеделникот утрото, но околу пладне повторно прекинати. Неколку челници на земји членки изјавија дека се надеваат дека на состанокот подоцна во вторникот ќе биде постигнат договор. Најсериозниот проблем на самитот е негативната позиција на земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија, Словачка и Чешка, кога станува збор за кандидатурата на Јан Тимерманс на челната позиција во Европската комисија.

По тешките и мачни преговори челниците на земјите членки на ЕУ во вторникот околу пладнето договорија нов пакер челници. Спопред новиот „пакет“и за петте челни позиции, претседателка на Европската комисија би требало да стане германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, претседател на Европскиот совет да биде белгискиот премиер Шарл Мишел, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна досегашниот потпретседател на Европската комисија, Словакот Марош Шефчович или шпанскиот социјалист поранешен претседател на Европскиот парламент, Жозеп Борељ. Фон дер Лејен доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕРР), Мишел го предлагаат либералите, додека Шефчович и Борељ се предлози на социјалдемократите.

Мандатот на претседателот на Европскиот парламент би бил поделен меѓу конзервативците и социјалдемократите. Првите две и пол години претседател би бил Германецот Манфред Вебер, а во втората половина Бугаринот Сергеј Станишев, а можеби редоследот ќе биде и обратен. Според истиот предлог, на местото претседателка на Европската централна банка (ECB) би трабало да дојде поранешната француска минситерка за финансии и челничка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто доаѓа од конзервативната партија Републиканци која е членка на ЕРР.

Пакетот предвидува и „шпиценкадидатот“ на социјалдемократите Холанѓанецот Франс Тимерманс да остане на истата функција која ја има во моментов, односно прв потпретседател на Европската комисија. Зад овој предлог наводно застанеле Германија и Франција.

Предложената Урсула фон дер Лејен најави дека има намера да ги именува Франс Тимерманс и Маргет Вестагер за највисоко рангираните потпретседатели на Европската комисија, рече Туск. Додаде дека очекува оти Фон дер Лејен ќе обезбеди соодветна „географска рамнотеќа“ во состаувањето на тимот нејзини потпретседатели.

„Избравме две жени и двајца мажи за четирите клучни позиции. Соврешена родова рамнотежа и многу сум среќен поради тоа. Во крајна линија, Европа е од женски род. Мислам дека вредеше да се чека ваков исход“, рече Туск.