Тутунарите повторно изиграни од Заев, истекува рокот за откуп на тутунот, а решение се уште нема

Оваа година заглави откупот на тутунот. Тутунарите револтирани од пристапот на властите кои како што велат тие ги оставија на милост и немилост, а тоа е сами да се снаоѓаат со тоа како и каде ќе го продадат тутунот кои мака мачат цела година за да го одгледаат.

Имено, откако министерот за земјодели им вети на тутунарите дека владата ќе најде решение за откупот на нивниот тутун, тие револтирани дека нема ништо од ветеното, а до истекување на рокот за откуп на тутунот остана уште само еден месец, ги повикаа на средба кај нив премиерот и министерот за земјоделие за да побараат лично од нив да биде решен проблемот.

Па така преку писмо Игор Мирчески од Иницијативниот одбор ги повика премиерот и министерот за земјоделие на итна средба со откупувачите.

„Почитувани тутунопроизводители останува последниот месец за откуп од овогодишната реколта. А во последно време сведоци сме дека работите на терен имаат тенденција да се влошуваат на и така најлоша и најкатастрофална откупна реколта. Ниската откупна просечна цена од 165 денари наместо да оди во нагорна линија таа почнува да паѓа. Динамиката на откуп наместо да се зголемува, таа исто од 750 тони на ден се врати на 600 тони“, се вели во соопштението.

Тутунарите се оставени сами на себе во оваа реколта и никој до сега од инстиуциите не им излезе во пресрет во нивна заштита.

Вчера на фејсбук во врска со тутунот, се јави и поранешниот технички заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски.

„Уште еден месец не дели до крајот на законскиот рок на откупот на тутунот, а тутунот стои не откупен. Десетици илјади тутунарски семејства мака мачат со егзистенција. Владата ги прелажа. Заев вети и излажа, загрозена е егзистенцијата на десетици илјади наши сограѓани, само затоа што Заев не сака да им помогне. Можеше, но не сакаше да ја зголеми двојно субвенцијата за предаден килограм тутун и со тоа да им помогне да ја преживеат годината. Но наместо помош, Заев реши да ги остави на милост и немилост“, напиша Трипуновски на Фејсбук.