„Жално кога цело лето, цела една фамилија станувала во 3 часот после полноќ за да се набере ова жолто злато, за на крај да заврши на депонија и никој да не се запраша како таа фамилија ќе ја преживее оваа година“, пишува на Фесјбук ОК на Кривогаштани за палењето на тутунот на едно семејство кој не е откупен.
„Дури се возите со хелихоптерите луѓе немаат пари за да си купат основни работи за да го преживеат денот.
Срамота за една Држава е оваа глетка…
Ќе ве стигне казната од народот многу порано отколку што мислите“, истакнуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани.