Тужба од 100 милиони долари за Ед Ширан за плагијат на песна од Марвин Геј

Против Ед Ширан е поднесена тужба од 100 милиони долари за плагијат на песната „Let’s Get It On” на Марвин Гај во неговиот хит од 2014 година, „Thinking Out Loud”.

Тужбата е поднесена во вторникот во Вториот американски суд за жалби во Њујорк, а според неа, се тврди дека Ширан ја копирал „мелодијата, ритмите, хармониите, тапаните, басот, синкопата и лупингот од мелодијата на Геј за синглот кој е дел од неговиот албум „X“, преснува ТМЗ.

„Thinking Out Loud” стана број 1 на британската музичка листа и број 2 на американскиот Billboard Hot 100, а албумот се продал во повеќе од 15 милиони примероци.

Тужбата е поднесена од страна на Structured Asset Sales, која поседува дел од авторските права за песната која Геј ја издал во 1973 година, тврди ТМЗ.

Ова е втора тужба против Ширан за истата песна откако во 2016 година ќерката на Ед Таунсенд, кој заедно со Геј ја напишал „Let’s Get It On”, но музичарот тврдел дека таа немала право да поднесе тужба според државниот закон во Калифорнија, меѓутоа, бидејќи таа била биолошка ќерка на Таунсенд, но била усвоена од друго семејство при раѓање.

Ширан исто така беше тужен и на почетокот на годинава од текстописците Шон Кери и Бију Голден, кои тврдат дека копирал една од нивните мелодии за синглот од 2017 година, кој го напишал за Тим Мекгроу и Фејт Хил, „The Rest of Our Life”.

Во 2014 година Ширан беше тужена од двајца аранжери за прекршување на авторските права за наводно користење идентични ноти во неговата песна „Photograph” од песната што тие ја напишаа во 2009 година под наслов „Amazing.” Музичарите постигнале вонсудска спогодба со Ширан, при што остана непознато колкави  суми им биле исплатени.

Ширан ги опиша претходните обвинувања дека го копирал хитот на Геј како „неосновани“, тврдејќи дека прогресијата во двете песни е „крајно вообичаена“, но сè уште не одговорил на најновата тужба против него.