Четири фармацевтски компании од САД се соочени со судски спорови во неколку окрузи во Калифорнија чии тужители бараат оштета од над 50 милијарди долари поради тоа што компаниите ја прошириле епидемијата со опиоди во САД со лажна реклама дека тоа се безопасни лекови против болка.
Опиодите се синтетички лекови против болка што лесно создаваат зависност. Кај многумина, таа зависност преминува во конзумација на тешки дроги како хероин, по што зависниците умираат од предозираност.
Четирите тужени комапнии се Johnson & Johnson, Teva Pharmaceutical Industries, Endo International и AbbVie’s Allergan.
Сите се обвинуваат дека се одговорни за кризата со опиоиди што во САД однесе стотици илјлади животи. Според државните Центри за контрола и превенција на заболувања, од 2009 до 2019 година во земјата поради предизирања повразни со опиоиди починале речиси 500.000 луѓе.
Окрузите кои ги тужат компаниите се густо населените Санта Клара, Лос Анџелес и Оринџ. Доколку судијата во окрухот Санта Клара одлучи дека компаниите се виновни, тие треба да платат 50 милијарди долари оштета поради нарушен јавен поредок, плус казни за семејствата на починатите.
Повеќе од 3.400 слични тужби на национално ниво се поднесени до судовите поради епидемијата со опиоиди во САД. „Џонсон & Џонсон“ во 2019 година плати рекордна оштета од 465 милиони долари откако судија во Оклахома пресуди во корист на тужителите. Други судски рочишта се закажни за следниот месец.
Четирите најголеми фармацевтски компании во САД – McKesson, AmerisourceBergen, Cardinal Health и Johnson & Johnson, понудија заедничко решение со исплата од 26 милијарди долари за да се затворат судските спорови против нив поради кризата со опиоиди. Се уште не се знае дали ќе има договор за таа сума.