Тузланскиот премиер поднесе оставка, гори и зградата на мостарскиот кантон,

Демонстрантите во Мостар влегле во зградата на кантоналната Влада и ја запалиле, објавија локалните медиуми.

По собирот на градскиот плоштад, демонстрантите тргнале кон зградата на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон. Влегле во неа, ги искршиле прозорците и ја запалиле зградата, а полицијата не интервенирала.

За време на протестите ширум БиХ биле запалени и зградите на кантоналните влади во Тузла и Зеница, како и инвентарот во владините институции во Сараево, каде има најмалку 50 повредени.

Полицијата во Тузла, во меѓувреме, им соопшти на демонстрантите дека премиерот на кантоналната Влада, Сеад Чаушевиќ поднел оставка, по што граѓаните почнале задовооно да извикуваат „Кралеви, кралеви“.

Претходно, пред зградата на Општината во Тузла избиле жестоки судири меѓу демонстрантите и специјалните единици, а објектот бил демолиран.