ТВ презентерка ќе стане македонски конзул во Њујорк

Телевизиска резентерка на вести ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, дознава портпалот Зум од владини избори.

Како што стои во информацијата, во вторникот вечерта Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.