Московскиот Тверски суд ги одби наводите на Фондацијата за борба против корупцијата која ја формира рускиот опозиционер Алексеј Навални против рускиот претседател Владимир Путин, јави Тасс.
-Тверскиот окружен суд во Москва пресуди дека е незаконита тужбата која ја поднела непрофитната организација за борба против корупцијата од Георги Албуров, Вјачеслав Гимади и други против рускиот претседател Владимир Путин.
На пресудата може да се вложи жалба до Московскиот Граѓански сду, соопшти судот.
Според рускиот Устав, на кој се повикува судот, против рускиот претседател не може да се поднесуваат административни барања.
Судот претходно соопшти дека Фондацијата за борба против корупцијата поднела тужба против Путин заради „ избегнување на обврската која ја има како гарант на уставот, човековите права и слободата на уверување во членот 80 од вториот дела на Уставот, пренесе руската агенција.