Твитер ја ограничи содржина на повеќе од 300 официјални профили на претставници на руската влада, но и на оној на рускиот претседател Владимир Путин.
Со ова, содржината од профилите веќе нема да се препорачуваат во временски рамки, известувања или на друго место на страницата, соопшти Твитер.
Овие профили и претходно беа критикувани за ширење дезинформации за војната во Украина, но за разлика од твитовите од руските државни медиуми, тие претходно не беа предмет на специфично модерирање од страна на Твитер.
Твитер е строго ограничен во Русија по инвазијата на Украина.
Компанијата соопшти дека ќе преземе мерки против секоја земја која „го ограничи пристапот до отворениот интернет додека е вклучена во вооружен конфликт“.