Кратките пораки на папата Франциско на латински јазик на општествената мрежа Твитер станаат се по популарни, бидејќи две години од кога го отворил профилот на таа страница има 205 илјади следбеници.Односно повеќе отколку на твитовите на германски и арапски јазик.
Данијел Галагер кој е задолжен за пишување на твитови на латински и преведување на пораки, изјави дека преведувањето на твитовите на поглаварот на Римокатоличката црква е „тешко, бидејќи неговиот стил е нефеормален и сличен на секојдневниот живот.“
Според неговите зборови, преведувањето и прилагодувањето на интернет јазикот понекогаш бара сложени решенија.
„Се обидуваме, да не се оддалечуваме премногу од јазикот на Цицерон. Кога би му го покажале преводот, би сакале макар да добие некоја идеја што сме сакале да кажеме,“ изјави отец Данијел.
Тој смета дека успехот на твитовите на латински е поради тоа што тој јазик е меѓународен и е начин на меѓународна комуникација.
Според неговите зборови, на сајтот на папата најприсутни се Германците, па Британците, Американците, Кинезите и Индијците на сите возрасти и професии и веројатно и оние кои не се Католици.