Пратеничкиата група на Европските конзервативци и реформисти (ECR) се зголеми на 83 члена, со што ја престигна пратеничката група на либералите и стана третата по големина групација во Европскиот парламент.
Пратеничката група на тврдата десница, кој се дефинира себеси како конструктивен десен центар кој се спротивставува на федералистичките тенденции во Европскиот парламент, соопшти дека денеска формално му се приклучиле 11 нови претставници.
Пет нови членови на клубот доаѓаат од Сојизот за унија на Романците, тројца пратеници се оние кои ја напуштија француската крајнодесничарска партија Повторно освојување (Reconquête), а по еден пратеник доаѓаат од Данска, Бугарија и Литванија.
Пратеничката група на ECR сега има 83 пратеници и тие ја надминаа либералната пратеничка група „Обнови“ (Renew) која сега има 80 пратеници.
Пратеничката група на ECR беше формирана во 2009 година на поттик на Британската конзервативна партија, а претходно беа во групата на Европската народна партија (EPP). Тие функционираа како подгрупа под името Европски демократи (ED), а пратеничката група беше наречен EPP-ED. Тие ја напуштија EPP сметајќи ја премногу федералистичка.
Британските конзервативци беа најсилната група во оваа пратеничка групација додека Велика Британија не излезе од Европската унија. Потоа, најголемата група во оваа групација ја претставуваа пратениците на полската партија Право и правда (PiS), а денес доминантна сила е партијата на италијанскaта премиерја Џорџа Мелони – Браќа на Италија (FdI).
Со влегувањето на Браќа на Италија и шведските демократи во 2019 година, ECR се оддалечи доста надесно, доминирана од партиите на крајната десница, иако има партии како чешката Граѓанска демократска партија (ODS), која е поблиска до десниот центар.