Тврдокорна инфлацијата во Германија

Годишната стапка на инфлацијата во Германија благо незначително го забавила растот од 6,4 отсто во јуни на 6,2 отсто во јули годинава, но и натаму е на високо ниво, објави во вторникот Сојузното биро за статистика потврдувајќи ги претходните прелиминарни разултати.

„Стапката на инфлацијата благо падна, но останува на високо ниво“, изјави шефицата на Сојузното биро за статистика, Рут Бранд.

На и натаму високата инфлација влијаел особено растот на цените на храната, а покрај тоа и „растот на цените на енергенсите повторно беше за нешто поголем отколу во претходните два месеца“, вели Бранд.

Цените на храната во јули во однос на истиот минатогодинешн месец пораснале за 11 отсто, малку послабо отколку во јуни. Цените на енергенсите, пак, имале нешто посилен раст во однос на јуни од 5,7 отсто.

Инфлацијата веќе со месеци е товар за потрошувачите и ја поткопува нивната куповна моќ. Највисоката стапка на инфлацијата во Германија според новата пресметка беше регистрирана есента минатата 2022 година, и тоа на нивото од 8,8 отсто.