„Нападот против Александар Македонски е напад против целиот Македонски народ! Нападот против Александар Македонски претставува објавување на војна! А ова е војна која треба и мора да се добие, па дури и по цена на нашите животи! Никогаш нема да им простиме на предавници, утре допрва доаѓа!Борбата за Македонија допрва доаѓа!“, напишаа Тврдокорни на својата Фејсбук страна, откако синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје се отстрани споменикот на Александар Македонски.
„Александар Македонски во моментов си заминува од аеродромот „Скопје“. Тврдокорни во најбрз можен рок ќе организираат блокирање на аеродромот!“, стои на нивната Фејсбук страна.