Компанијата во чија сопственост е истоимената популарна социјална мрежа за микроблогирање Twitter порача во неделата дека ќе ги отстрани сите акаунти кои се отворени само со цел да ги промовира другите социјални мрежи и содржини кои содржат линкови и кориснички имиња.
Овој потег ќе влијае врз содржината на социјалните медиумски платформи како што се социјалните мрежи Facebook и Instagram во сопственост на компанијата „Meta“, покрај другите како Mastadon, Truth Social, Tribel, Nostr и Post, се наведува во објавата на Twitter.
Поранешниот челник на Twitter, Џејк Дорси, кој неодамна вложи во медиумската платформа Nostr, одговори на објавата на поддршката на Twitter само со „Зошто?“. Во договорот на еден друг корисник во врска со забраната на промовирањето на Nostr, Дорси пишува дека „нема смисла“.
Интересно, платформата TikTok, во сопственост на кинеската компанија „ByteDance Ltd“ не е вклучена на оваа листа.
Минатата седмица „Twitter“ го распушти неговиот Совет за проверка и сигурност, советодавна група основана во 2016 годна со цел да ја советува платформата во врска со прашања на решенија кои се однесуваат на мрежата.
Промените на политиките на Twitter следеа, откако компанијата ја презема еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск, сопственик на „Tesla“ и на „SpaceX“, кој ги отфрли претходните ограничување на мрежата особено откако се дозна дека големите социјални мрежи имале договор со администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден за селектирање на објави во согласност со политиките на владата.