Американскиот весник „Њујорк тајмс“ вчера ги поддржа сенаторките Ејми Клобучар и Елизабет Варен за демократската претседателска номинација.
Тоа е првпат весникот да избере два кандидата.
Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.
Весникот ја опишува сенаторката Варен од Масачусетс како „радикален“, а сенаторката Клобучар од Минесота како „реалистичен“ избор.
– Во текот на темелната дебата помеѓу двете визии би можела да се дефинира иднината на (Демократската) партија, а можеби и на земјата… И радикалниот и реалистичниот модел заслужуваат сериозно разгледување… Затоа ги поддржуваме Ејми Клобучар и Елизабет Варен, истакна „Њујорк тајмс“.