Њу Орлеанс и Денвер до тесни победи по продолженијата

EPA/TANNEN MAURY SHUTTERSTOCK OUT

Во синоќешните дуели од НБА лигата кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс и Денвер Нагетс остварија тесни победи дури по продолженијата против Јута Џез односно Голден Стејт Вориорс.

Њу Орлеанс пред својата публика ги совладаа гостите од Јута со 138:132, а до победата ги предводеше Брендон Инграм со дури 49 коша. Инграм ги реализираше последните пет слободи фрлања во продолженијата во кои Пеликанс со 16:10 ги надиграа Џез, за кои ова е вториот пораз во 17 натпревари. Кај Јута, се истакна Донован Мичел со 46 поени.

Денвер Нагетс, исто така, во неизвесен меч по продолженијата со 134:131 ги надиграа Голден Стејт Вориорс. Мејсон Пламли оствари две „забивања“, а Вил Бартон постигна „тројка“ во серијата од осум поени кои на Денвер му ја донесоа победата во Сан Франциско. Бартон беше и најдобар поединец на Нагетс со 31 поен, додека Малик Бисли додаде 27. Алек Баркс ги предводеше Голден Стејт со 25 коша.

Лос Анџелес Клиперс со 122:95 славеа дома над Орландо Меџикс. Каваи Леонард беше најдобар стрелец со 32 коша, за Клиперс, а Никола Вучевиќ беше најдобар кај Орландо со 22 поени и девет скокови.

Феникс Санс со 121:98 ги надиграа Њујорк Никс, а најзаслужен за тоа беше Девин Букер со 29 поени. Рики Рубио додаде 25 поени со 13 асистенции и 8 скокови за шестата победа на Феникс во последните девет дуели.

Милвоки Бакс со 128:123 на свој паркет ги совладаа Бостон Селтикс, за кои Јанис Антетокунмпо постига 32 поени а го следеше Крис Мудлтон со 23 коша. Кај Бостон најдобар беше Кемба Вокер кој мечот го заврши со 40 коша и 11 кока.

 

РЕЗУЛТАТИ

Њујорк Никс – Феникс Санс 98:121
Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 128:123
Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез 138:132 (продолженија)
Голден Стејт Вориорс – Денвер Нагетс 131:134 (продолженија)
ЛА Клиперс – Орландо Меџикс 122:95.

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Бостон 27 13 .675 –
2. Торонто 26 14 .650 1
3. Филаделфија 26 16 .619 2
4. Бруклин 18 22 .450 9
5. Њујорк 11 31 .262 17

Централна дивизија

1. Милвоки 37 6 .860 –
2. Индијана 26 15 .634 10
3. Чикаго 15 27 .357 21 1/2
4. Детроит 15 27 .357 21 1/2
5. Кливленд 12 29 .293 24

Југоисточна дивизија

1. Мајами 28 12 .700 –
2. Орландо 20 22 .476 9
3. Шарлот 15 29 .341 15
4. Вашингтон 13 27 .325 15
5. Атланта 9 32 .220 19 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизја

1. Денвер 29 12 .707 –
2. Јута 28 13 .683 1
3. Оклахома Сити 23 18 .561 6
4. Портланд 18 24 .429 11 1/2
5. Минесота 15 25 .375 13 1/2

Пацифичка дивизија

1. ЛА Лејкерс 33 8 .805 –
2. ЛА Клиперс 29 13 .690 4 1/2
3. Феникс 17 24 .415 16
4. Сакраменто 15 26 .366 18
5. Голден стејт 9 34 .209 25

Југозападна дивизја

1. Хјустон 26 14 .650 –
2. Далас 26 15 .634 0 1/2
3. Мемфис 19 22 .463 7 1/2
4. Сан Антонио 17 22 .436 8 1/2
5. Њу Орлеанс 16 26 .381 11