На Италија ѝ се вратени 42 археолошки предмети во вкупна вредност од 3,5 милиони долари кои биле украдени и продадени на црниот пазар, со одлука на американското правосудство во Њујорк, градот кој важи за светски центар на меѓународното тргување со артефакти и антиквитети, честопати и во незаконски зделки.
Станува збор за исклучителни артефакти, некои од нив се стари и до 2.500 години, а на италијанските власти им се вратени на свеченост одржана во Њујорк, објави јавниот државен обвинител на сојузната држава Њујорк за Менхетен, Алвин Брег.
„Продолжуваме да ги поправаме штетите предизвикани со децениското дејствување на мрежите на организираниот криминал кои ги ограбуваат антиквитетите по Италија“, изјави Брег.
Во Рим се вратени повеќе од 200 артефакти од 2022 година, кога Брег ја презема должноста. За време на мандатот на државниот обвинител Брег, повеќе од 1.000 артефакти вредни 185 милиони долари се вратени во земји како Камбоџа, Кина, Индија, Пакистан, Египет, Ирак, Грција, Турција и Италија.
Меѓу вратените вредни предмети, на пример, е и вазна од италијанскиот регион Пуља, датирана од 335 година пред Христос, а украдена од гробница на југот на Италија. Ја продал трговецот со уметнички дела Џакомо Медичи, а ја купил сега раскринканиот британски трговец Робин Сајмс кој овој артефакт го „испрал“ препродавајќи го на наддавање на една од водечките аукциски куќи Sotheby’s во Лондон.
Вратени се и две слики од приодот на Етрурската цивилизација настанати 440 години пред Христос, а биле украдени во 1980-те години. И тие биле пронајдени кај британскиот трговец Сајмс кој ги препродал во 1992 година за тогаш високите 1,6 милиони дилари. Сликите ги купила колекционерската двојка Шелби Вајт и Леон Леви од Њујорк кои сепак се посомневале во потеклото, па во 1999 година му ги вратиле на Сајмс.
Како што се претставува во светот „култураната и економска престолнина“, во Њујорк се сместени низа музеи кои имаате тенденција кон гламурозност како што е „Metropolitan Museum of Art“, но истовремено градот е и седиште на мноштво аукциски куќи. Од 2017 година, под сѐ поголемиот притисок на бројни држави и влади во светот кои носеа и политички импликации во односите со Вашингтон, њујоршките власти започнаа кампања на враќање на ограбените уметнички дела од целиот свет, особено во градот пренесувани во јавни и тајни колекции во периодот меѓу 1970-те и 1990-те години, а и во подоцнежните години од регионите во светот во кои се водеа војни. Тие дела најчесто се продаван на црниот пазар во Европа и САД, и се запленети под надзор на американските власти во музеите или во приватните колекции во Њујорк.