Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата Мој ДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра.
Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .
Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.