
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска се собра во Скопје на мини подготовки за двата завршни натпревари во евроквалификациите против Ерменија и Украина.
На 2 јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески“ гостува селекцијата на Ерменија, а три денови подоцна „црвено – жолтите“, во последното коло од квалификациската група Х, ќе игра против Украина во Истанбул.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.