
Со извикување на „Македонија, Македонија“, денеска беше во паркот „Жена борец“, беа одбележани 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Цвеќе пред споменикот положија од Кабинетот на претседателот на државата и од Светскиот македонски конгрес.
Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас, рекоа учесниците. Тие извикуваа „Уа” кога беше споменат договорот со Грција за промена на името. На манифестацијата беше присутен и Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, кое го донираше споменикот на Андон Јанев Ќосето.