На 21.08.2022 во 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од тетовска Мала Речица поради сомнение дека заедно со малолетник на 17-ти овој месец извршиле кражба на пари од колонијална продавница во тетовско Камењане.
Тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него и малолетникот, кој денеска ќе биде повикан во Полициската станица Тетово, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.