30-годишен разбојник од Скопје, кој се пуштил в бегство, а кој треба да доизлежи затворска казна, вчера бил приведен.
Тој веќе бил зад решетки, но пред неполни 2 години му се губат трага и глас.
На 09.12.2018 година околу 14,30 часот во Скопје од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“ казниво по член 237 од КЗ на РМ. Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. Ј.С. е спроведен во затвор Идризово, соопштија од МВР.