Дваесетгодишник е приведен во полициската станица во скопската населба Чаир, по повеќето пријави изминатиот период дека се вознемирувани жени и девојки, од лице кое ги допирало по телата и вургално им се обраќало, соопшти во четвртокот министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Чаир вчера вечерта било приведено лицето иднетификувано како дваесетгодишниот А.Ф. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија.
По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.