На 05.07.2019 од полициски службеници на СВР Тетово приведен бил Х.Ќ.(40) од Тетово поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 05.07.2019 година во периодот од 17:30 до 19:00 часот извршен бил претрес во дом, помошни простории и угостителски објект на улицата „Штипска“ во Тетово, сопственост на Х.Ќ., при што пронајдени биле и одземени метална дробилица со остатоци од зелена тревкаста материја, шише исполнето со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.