Уапсен директор кој одбивал плата од вработените!

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51- годишниот В.Ц. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од септември 2012 до април 2013 година, пријавениот во својство на одговорно лице-директор на ЈП „Нискоградба“-Охрид, искористувајќи ја својата службена положба, свесно извршил пречекорување на границите на службените овластувања и спротивно на законски, правен или друг основ им наложил на одговорните во финансиско-сметководствениот сектор на ова претпријатие, средствата кои на деведесет и осум вработени по разни основи им се задржувале од плати во вкупен износ од 260.374 денари, да не се уплатат за предвидените намени туку противправно да се присвојат во корист на „Нискоградба“ и со нив да се плаќаат обврските кон приватната фирма „КА инжинеринг“ДООЕЛ Охрид.

На овој начин, со противправното присвојување на наведените 260.374 денари од закинати плати на деведесет и осум работници и без нивна согласност, ЈП„Нискоградба“ стекнало противправна имотна корист, а работниците од „Нискоградба“ претрпеле штета од ненавремено исплаќање на обврските кои ги имале создадено по разни правни основи.