![policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija.jpg?resize=696%2C412&ssl=1)
Албански државјанин вчера бил приведен од страна на полициски службеници.
– Вчера околу 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 57-годишниот А.Б. од Република Албанија затоа што претходно го нарушил јавниот ред и мир во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а и непријавено престојувал на подрачјето, соопшти МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.