Уапсен џепчија

Полицијата уапсила скопски џепчија по кражба во автобус, информираше МВР.

Станува збор за Ф.С.(49), против кого полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава за кражба. Според полицијата, осомничениот минатиот четврток околу 12.30 часот на станицата „Рекорд“ ја забележал жртвата, жена која се качила во автобус.

Крадецот тргнал по неа искористувајќи го метежот и невниманието на оштетената и го одзел паричникот. Во него имало пари, лични документи и банкарски и други картички.

Џепчијата по кражбата бил забележан од полициски службеник, кој го лишел од слобода.