Уапсен е маж за вулгарен коментар на социјална мрежа за трагедијата на автопатот „Струма“

Во Бугарија е уапсен е маж за нечовечни коментари за трагедијата на автопатот „Струма“, соопшти бугарското МВР, информира Nova.bg.

Мажот е уапсен на територијата на Софија од надлежните служби според добиен сигнал. Според информациите во моментов тој на Фејсбук публикувал коментари поврзани со трагичната автобуска несреќа кои се надвор од сите етички и морални норми.

Материјатлите се испратени во судот, а ќе се води дело за извршен престап по член 162 од бугарскиот закон за ширење на омраза, која се темели на националност преку социјална мрежа, информира Nova.bg.

Бугарските институции и медиуми сеуште не го соопштуваат името на уапсениот маж, односно дали станува збор за лицето коe веднаш по несреќата јавноста ја згрози со коментарот: „На магистралата „Струма“ синоќа се случи огнено шоу, нова македонска скара. Првите гости се жалат дека малку била препечена, но исто така ја изразуваат и надежта случката наскоро да се повтори. На здравје!“, напиша тој , а коментарот го илустрираше со фотографија од запалениот автобус.