![европол](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/evropol.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол.
Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани.
Во исто време, германската полиција изврши претреси на пет локации и заплени повеќе од 160.000 евра во готовина, златни прачки и накит.