Уапсен еден од најбараните членови на ЕТА

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсен еден од најбараните членови на баскиската вооружена сепаратистичка група ЕТА.

Тој бил уапсен во југозападна Франција.

Врз основа на меѓународна потерница е уапсен Сабин Мендизбал Плазаола (34) поради наводно ранување на шпански полицаец.

Плазаола исчезна во 2009 година, кога шпанскиот суд го осуди на затворска казна, бидејќи врз седиштето на шпанската владејачка Народна партија во баскискиот град Ерму фрли екслозивна направа.

ЕТА се смета за одговорна за смртта на 829 лица за време на вооружената борба за независна држава во северна Шпанија и јужна Франција, која трае четири децении.