Полицијата уапси еден од најбараните нарко босови во Мексико, Ектор Белтран Леива.
Во текот на полициската акција не било употребено огнено оружје. Апсењето следи по 11 месечна истрага.
„Осомничениот Леива е поврзан со најмалку 29 обвиненија и со три налози за апсења. Токму затоа Мексико и САД понудија награда за негово разоткривање“, велат од мексиканското обвинителство.
Во Мексико, Леива е еден од главните нарко босови чиј што картел веќе со години се занимава со шверц на кокаин од централна и Јужна Америка во САД и Европа. Мексиканската Влада претходно понуди 2, 2 милиони долари, а САД пет милиони долари за било каква информација за него.