Филипинскиот исламистички екстремист Кир Мундос, кој САД го стави на листата на најбараните криминалци, е уапсен во Манила. Мундос пред 7 години побегнал од затвор, а САД неговата глава ја има проценето на пола милион долари, пренесува АФП.
Се верува дека тој е главен финансиер и водач на групата Абу Сајаф, која има неколку стотини членови и е обвинета за низа бомбашки напади и киднапирања на Филипините.
Абу Сајаф стои и зад бомбашкиот напад на патничкиот воз во Манилскиот залив во 2004 година, каде погинаа повеќе од 100 лица. Мундос беше уапсен во 2004 година. Од затвор побегна три години подоцна со уште десетина затворени екстремисти.