Уапсен главноосомничен за пожарите во Грција

Во Грција синоќа е уапсен маж (65) што наводно го предизвикал пожарот во источна Атика.
Истражните органи собрале девет сведоштва што укажуваат на тоа дека тој е главниот осомничен за предизвикувањето на пожарите во источна Атика.

Осомничениот, чиј идентитет не е откриен во јавноста, наводно е жител на северниот дел на Атика, Пенделије. Според зборовите на соседите, тој и во минаото палел ѓубре и суви гранки, а пред обвинителството се појавија деветмина кои сведочеа, а се осомничени за подметнување на пожарите.

Како што објави грчката телевизија Скај, тој палел трева и суви гранки на ридот над Дау Пентели, кога се создале искри што одлетале кон околната вегетација, а поради високите температури и силните ветришта, наскоро се претвориле во голем пожар.

Кога сфатил колкав пожар предизвикал и неговите трагични последици, тој се обидел да ги скрие своите траги со земја, чакал и вода на местото каде што бил предизвикан пожарот.
Во меѓувреме, грчките власти објавија дека бројот на загинатите во пожарите што ја погодија источна Атика од понеделникот се зголемил на 91.