Албанец кој имал забрана за влез во Македонија, бил уапсен вчера кај Дебар, информираше МВР.
Според полицијата, илегалецот бил фатен околу 11.30 часот на регионалниот пат Дебар- Маврово, при контрола на автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.
Во возилото управувано од А.К. (58) од Дебар, бил затекнат и Б.Л. (30) од Република Албанија. Полицајците утврдиле дека Албанецот има забрана за влез во земјава до 2023 година, по што бил приведен во Полициското одделение Ростуше. Тој произнал дека нелегално ја преминал границата, па бил предаден во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.