Уапсен иранскиот „монетарен султан“ кој собрал две тони злато

Иранските служби за спроведување на законот го уапсија таканаречениот „монетарен султан“ кој успеал да прибави две тони злато, соопшти во средата шефот на полицијата на Техеран, Хосеин Рахими.

„Уапсен е ‘монетарниот султан, кој во текот на изминатата година прибавил две тони злато и во моментов го продавал, остварувајќи огромен профит“, ги цитира телевизијата IRIB првиот човек на полицијата на иранската престолнина.

Рахими не го именувал уапсениот, истакнувајќи дека „султанот“ е на 58-годишна возраст и имал подредени кои откупувале за него монети, без оглед на нивната вредност. Шефот на техеранската полиција додаде дека ова лица манипулирало со монетарниот пазар, поткопувајќи ја економијата на земјата.

Според него, за истиот случај се уапсени уште две лица кај кои се откриени 20 килограми злато и монети.