Уапсен Јосип Броз, внукот на Тито

Српската полиција го уапсила Јосип Јошка Броза (67) внукот на Јосип Броз Тито, во неделата навечер, и го задржала во полициска станица, објавува весникот „Ало“, пренесува Нетпрес.

Според информациите на весникот, внукот на Титот бил приведен бидејќи пијан ги малтретирал сопругата и гостите на семејна веселба во неговиот дом.

– Никој не мислее дека вечерта ќе се одвива така. Јошка стануваше се’ повеќе непријатен после секоја голтка алкохол. Кога ситуацијата целосно излезе од контрола беше повикана полиција. Кога дојде патролата, Јошка почна дрско да им се обраќа и на полицајците, пишува „Ало“, повикувајќи се на сопствени извори.

Поради насилното однесување и стравувањето дека би можел да продолжи со малтретирање на присутните гости, полицајците одлучиле да го приведат Јошка Броз и да го задржат додека не се отрезни. Особено внимание на органите на редот им привлекол големиот арсенал оружје кое Броз го поседувал во својот дом, па одлучиле привремено да му го одземат.

По приведувањето, српската полиција поднела прекршочна пријава против Јошка Броз, а тој бил пуштен да си оди откако се отрезнил.