Американски специјалци вчера во ирачката провинција Кирку го уапсија Абу Омар аш Шишани, командант на Исламска држава.
Освен него биле уапсени уште две лица, кои имале висока функција во Исламска држава, а во операцијата се убиени седуммина припадници на групата. Тројцата уапсени екстремисти се пренесени во градот Сулајманија во североисточниот дел на Ирак.
Претходно медиумите објавуваа дека Аш Шишани е убиен, но информацијата не беше потврдена.
Околу 100 војници на американските специјални сили беа распоредени во Ирак на 21 декември за извршување на операции, претходно договорени со ирачките власти.