Албанските медиуми во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија објавија фотографија од уапсениот Албанец 33-годишниот А.К. осомничен дека околу 15.00 часот пукал во двајца Срби кај Штрпац.
Тој е уапсен на 20 километри од местото на коешто отворил оган при што се ранети 11-годишно српско момче и неговиот 21-годишен брат, поточно во селото Превалац, на патот меѓу Призрен и Штрпце. Според неофицијални информации, А.К. наводно е припадник на таканаречените косовски безбедносни сили. Осомничениот е однесен на распит во Урошевац.
Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години
Осомничениот за нападот на две српски момчиња А.К., за албанските новинари изјави дека се чувствува невин во врска со случајот со кој е поврзан.
Порталот Indexonline го контактирал неколку минути пред да ѝ се предаде на полицијата. Ја чекал полициската патрола во Превалац, кога пристигнала рекол само: „Само што дојдоа“
Осомничениот е под надзор на Урошевачката полиција, односно Подрачното одделение за истраги за други истражни дејствија, се наведува во соопштението.
Да потсетиме, двајца Срби Стефан и Милош Стојановиќ се ранети додека оделе да земат бадникови гранчиња.
Децата оделе по бадникови гранчиња и пееле. Во еден момент пред нив застана приватен автомобил кој се движел од правец на Брезовица кон Урошевац. Кога ги видел, излегол од автомобилот, извадил пиштол и без двоумење пукал. Тој го ранил во рамото 11-годишното малолетно момче , а во раката 21-годишниот Милош Стојановиќ, изјави директорот на Здравствениот дом во Штрпце на Косово и Метохија, д-р Саша Крстичиќ во изјава за Sputnik.