Уапсен крадец баран по потерница

Денеска (07.10.2022) во 16:35 часот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од ЕВР – Ѓорче Петров отсек Потраги  го лишиле од слобода А.С.(28) од  село Арнакија, скопско.

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде во  предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.