Во саботата, околу 10,25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода 39-годишниот И.С. од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.