Уапсен ловокрадец од Албанија

Албанец бил фатен жив во незаконит лов, вчера во Националниот парк „Галичица“, информираше МВР.

Станува збор за А.П. (56) од Поградец кој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

Според полицијата, полицајци од ПС за граничен премин „Свети Наум“ вчера во 17 часот кај место викано Попо бил затекнат Албанецот. Тој немал лични документи лицето, а со себе носел пушка марка „бенели“ со шест ловни куршуми.
Бидејќи бил затекнат при вршење кривично дело незаконит лов во Национален парк против него же биде поднесена кривична пријава.