
Полицијата во саботата уапсила маж кој најмалку двапати се залетал во празниот автомобил на амбасадорот на Украина во Лондон, запирајќи се дури откако полициските службеници отвориле оган, објавија полицијата и украинското министерство за надворешни работи.
Инцидентот се одиграл во саботата околу 8,30 часот по локално време во Холанд Парк пред зградата на украинската амбасада, кога 40-годишник удрил неколку автомобили на амбасадата на Украина, меѓу нив и возилото на амбасадорот, но нападот не е поврзан со тероризам, се наведува во соопштението на полицијата на британската метропола.
Полицијата додава дека мажот бил уапсен откако полицајците отвориле оган во близина на амбасадата. Никој не е повреден во инцидентот, ниту напаѓачот кој е одведен во болница „од претпазливост“. Се додава дека при пријавата на инцидентот кон амбасадата биле упатени и вооружени и невооружени полицајци, а кога пристигнале автомобилот бил насочен и кон нив,
Украинското министерство објави дека автомобилот на амбасадорот е оштетен со намера „додека стоел паркиран пред амбсадата“. Полицијата го утврдува „идентитетот на осомничениот и мотивите на нападот“, додава украинската дипломатија.